Како од цртан филм! Ова само Јапонците може да го направат-Би возеле ли пикап од само 290 кг и 2,5 метри должина?
Автомобилите Kei се посебна категорија на најмалите патнички возила кои имаат многу долга традиција во Јапонија, од 1949 година, а вистинска ѕвезда беше најмалиот пикап во светот!
Станува збор за моделот Cony Guppy кој е произведен во 1961 и 1962 година.
Долг е само 2,55 метри, широк 1,26 метри и висок 1,29 метри, додека неговата тежина е само 290 килограми.
Ова многу слатко микро возило е потпишано од компанијата Aichi Machine Industry, а во текот на својот краток производствен век забележа одличен продажен резултат со испорачани 4.645 примероци.
Мини багажникот зад кабината е доволен за транспорт на неколку мали пакувања. Поточно, декларираната носивост е 100 килограми.
Cony Guppy беше опремен со CVT менувач и двотактен едноцилиндричен мотор од 199cc, 11 коњски сили, со максимална брзина од 80 km/h, што беше солидна конфигурација за градско возење.