Како вашата слика за пасош да изгледа подобро?
Сигурно на секој од нас му се има случено на сликите за пасош и лична карта да не излезе како што треба...
Причината поради
која излегуваме чудно на сликите за пасош или лична карта е тоа што обично
седиме на незгоден стол, па завземаме чудна положба на седење и затоа што
камерите за сликање се наместени паралелно со нашето лице.
Меѓутоа, постои начин и на овие слики да излезете убаво и атрактивно, а ние ќе ви објасниме како:
1. Не подместувајте ја брадата нагоре
Ако ја подместувате брадата нагоре, вашиот врат ќе дојде до израз и главата ќе ви делува чудно.
2. Не спуштајте ја брадата премногу надолу и главата не смее да ви биде поставена наназад
Ако го направите ова, под брадата ќе ви се направи подбрадок, двојна брада поради која ќе изгледате пресмешно.
3. Избегнувајте широка насмевка
Не мора да бидете премногу сериозни, но потрудете се да ја избегнете широката насмевка. Благо насмевнете се и тоа ќе биде доволно за да изгледате убаво на фотографијата.
4. Не муртете се
Ако се муртите, вашата слика исто така може да делува неприродно и смешно.