Каков свештеник- набилдан и тетовиран: Сензација

Откако започнал да прима спам пораки со сексуална конотација, тој блокирал да коментираат. 

Ако мислевте дека повикот да се биде свештеник значи само да го сакате Бог и да одржувате миса во цркви, можеби не сте во право.

Покрај тоа што го шири зборот Божји, еден тетовиран свештеник познат како Оскар стана интернет сензација откако ги сподели со своите фанови на Инстаграм вежбите што ги практикува.

Тој ги „хранеше“ своите следбеници секој ден со своите вежби, но откако добија несакана сексуална конотација, блокираше коментари. А птоа и го избриша својот Инстаграм профил.

Оскар потенцира дека религијата сè уште е неговиот главен фокус во животот, но дека тој сака да промовира и здрав начин на живот.