Каква дресура: Обучени кучиња можат да намирисаат ковид-19, со точност од 94%

фото:Twitter / printscreen

Долго време се зборува дека сè што може да помогне да се спречи ширењето на оваа пандемија, мора да се користи за борба против коронавирусот. Најновите истражувања покажуваат дека кучињата исто така можат да бидат од голема помош.
Кучињата дури ја чувствуваат и миризбата на короната.

Коронавирус или ковид-19 е особено опасен за луѓето со ослабен имунитет и постарите лица. Научници, медицински сестри и експерти се борат на сите фронтови за да се стави болеста под контрола што е можно поскоро, но ако тоа се случи, обучени кучиња исто така можат да помогнат. Според veforum.org, тие чувствуваат мирис на короната.

Германска ветеринарна клиника обучи кучиња да откриваат ковид-19. Досегашните резултати покажуваат дека тие тоа можат да го сторат со точност од 94%. Кучињата се обучени да препознаваат мирис на корона што доаѓа од клетките на заразени лица, рече Естер Шалке, ветеринар во германското училиште за обука на вооружени сили за службени кучиња.

Меѓу првите од овие обучени кучиња се Фил, тригодишен белгиски овчар и Џо Кокер, едногодишен Кокер Спаниел, кој тренираше на Универзитетот за ветеринарна медицина во Хановер.

„Направивме студија во која имавме кучиња кои душкаат примероци на пациенти кои биле позитивни на ковид и можеме да кажеме дека во нашата студија имаат точност од 94% дека ќе ја детектираат болеста“, изјави Холгер Волк, шеф на ветеринарна клиника. „Значи, кучињата навистина можат да душкаат луѓе со и без инфекции, како и асимптоматски и симптоматски пациенти со ковид“, додаде Волк.

Видео за кучињата:


Стефан Вајл, премиер на Долна Саксонија, чиј главен град е Хановер, рече дека е импресиониран од студијата и повика на физибилити тестови пред да се користат кучиња што душкаат во секојдневниот живот, како што се концерти: „Сега ни требаат тестови на избрани настани“, рече тој.

Во Финска, кучињата обучени да го откријат новиот коронавирус, започнаа да шмркаат патници на финскиот аеродром Хелсинки-Вантаа минатиот септември. Тоа беше пилот проект, кој тие го спроведоа покрај вообичаените тестови на аеродромот. Дури и во Чиле, ваквите обучени кучиња се користат веќе некое време за откривање на вирусот.


извор: Ало.рс / К.Ć