Камшикувана, силувана,забременила на 14 години, а бебето ѝ починало: Неуништливата Опра Винфри
Иако сега има богатство вредно милијарди долари, Опра Винфри поминала низ пекол. Живеела на фарма во Мисисипи со нејзината баба, Хејт Меј Ли, која ја камшикувала, а злоупотребувал нејзиниот братучед, а потоа и нејзиниот вујко и неговиот пријател. На 14 - годишна возраст родила дете кое починало набргу потоа, но тешките животните околности не ја спречиле, туку ја поттикнале да стане пример и мотивација на жените ширум светот.
Имено, Опра живеела со нејзината баба, затоа што нејзината мајка Вернита Ли, која ја родила на 18 години, решила да најде сигурна работа во Милвоки. Планирала да ја земе со себе веднаш штом се вработи.
„Отидов до бунарот да наполнам вода и ја носев во кофа. На пат кон дома, си играв со прстите во вода, баба ми го виде тоа и не и се допадна. Толку силно ме камшикуваше на грбот што имав модринки кои крвареа“ - се присетува Опра.
По овој настан таа облекла фустан кој го носела само во недела, а раните почнале да крвават. Нејзината баба била многу вознемирена од нечистата облека.
„Повторно ме камшикуваше поради крвавиот фустан“ - откри во една прилика водителката.
Кога имала девет години, таа се грижела за нејзиниот полубрат Џефри и полусестрата Патриша, а тогаш Опра била силувана од нејзиниот 19 - годишен братучед.
„Потоа ме однесе на сладолед, а крвта сè уште течеше по моите нозе. Рече дека тоа ќе биде наша тајна“ - истакна таа.
И покрај сите ужаси, ова не било крај на сексуалното злоставување, а неколку години подоцна таа била силувана од семеен пријател и нејзиниот чичко.
Забременила на 14 - годишна возраст и нејзината мајка ја испратила кај нејзиниот татко кој и забранил врски, секс и какво било девијантно однесување, затоа што тој не знаел за силувањата. Две недели по породувањето, детето на Опра починало. Овој настан бил болен за неа, но нејзиниот татко и самата таа го сфатиле како втора шанса.
„Ги закопав сите мои чувства поврзани со смртта на детето и злоставувањето“ - истакна водителката.
Додека студирала, таа работела во една телевизиска станица во Нешвил. Кога се преселила во Балтимор, водела вести и емисии. Уште тогаш била успешна и препознаена по работата, но не застана тука. Таа заминала во Чикаго да води утринско шоу и наскоро ја добила авторската емисија „Опра шоу“, која станала прва по гледаност.
Во нејзината емисија гостуваа sвезди како Мајкл Џексон и Нелсон Мандела, шоуто беше прикажано на дури 120 канали, а го следеа десет милиони луѓе. Опра беше критикувана дека е премногу таблоидно ориентирана, па ја смени содржината на шоуто. Вклучуваше социјални проблеми, духовитост, медитација, геополитички прашања... Многумина тврдат дека токму нејзиниот придонес во кампањата на Барак Обама му донесе победа.
Покрај сето ова, Опра има глумено и во филмови, како што е „The Color Purple“ на Стивен Спилберг. Основач е на два списанија, а има и свој клуб за книги, „Oprah's Book“. Иако се вели дека популарноста ги менува луѓето, тоа не е случај со Опра. Таа е рангирана меѓу 50 - те најдарежливи Американци, а до 2012 година донираше 400 милиони долари за едукативни цели и 400 стипендии на Универзитетот во Атланта.