Карди Би ја прогласија за жена на годината: Ама ја потсетија на тепачката кога си доби огромна џумка
Раперката Карди Би е прогласена за жена на годината според изборот на „Билборд“, а признанието ќе и биде врачено во месец декември. Меѓутоа, оваа вест не ги израдува сите.
Некои сметаат дека Карди, која оваа година издаде само една песна, не ја заслужила оваа титула. Всушност, важно е да се нагласи дека песната која ја издаде таа воедно е еден од најголемите хитови оваа година. Станува збор за песната „WAP“ која ја отпеа заедно со Меган Ти Сталион.
А, особено оние кои ја негираат ѝ рекоа да се потсети кога се тепаше со една нејзина колешка и се прашуваа дали наградата е доделена во вистински раце...
Кавгата меѓу Ники Минаж и Карди Б трае од 2017 година и уште од тоа време една со друга си разменуваа ужасни зборови.
Во 2018 година во хотелот Плаза во Њујорк се одржа забава за познатото списание „Харперс Базар“, на која учествуваа голем број познати дами, вклучувајќи ги и двете моментално најпопуларни рапери, Карди Б и Ники Минаж.
Според сведоците, Карди била таа која агресивно се доближила до работната маса на својата колешка со зборовите: „Само да ти кажам нешто“, за да се пресмета за лагите кои наводно Ники ги ширела за неа. Интервенирале чуварите и откако биле разделени, Карди била видена како фрла чевел кон непријателката.
Таа на крајот ја напушти забавата боса и со голема модрица- џумка на лицето, а очевидците тврдат дека сето тоа изгледало ужасно. Карди исто така излезе со искинат фустан, оставајќи вештачка коса на подот. Таа, наводно, го "заработила" ударот од еден од обезбедувањето кој ги разделил и случајно ја удрил со лактот.
Веднаш по инцидентот, Карди ја продолжи расправијата на Инстаграм каде објасни зошто реагирала така. "Едно е да ме плукаш и да им кажуваш на луѓето што работат со мене дека нема да работиш со нив поради тоа. Но, да зборуваш за моето дете и каква мајка сум е граница што не може да се премине. Јас работев премногу напорно за да дозволам некому да игра со мојот успех “, рече Карди тогаш.