Тренд // Стил
Карлеуша тоа го може подобро, на Цеца не стои убаво: Едната храбра, другата „скромна“
- 18 Септември, 2020
Зелената дреч боја ја избегнуваат и двете српски пејачки, најголемите ривалки на Балканското естрадно небо- Јелена Карлеуша и Светлана Ражнатовиќ Цеца. Ретко носат облека во оваа боја која сепак е предодредена за сцена токму поради тоа што „боде очи“. Ама Карлеуша не ѝ одолеа, па облече неверојатен секси сценски костим во кој ја открива целата нејзина раскошна фигура. Облини, гради, струк, колк...се‘ на магдан. Ама изгледа топ!
Цеца пак скоро никогаш ја немала таа храброст да се соблече за јавни настапи како Јелена. Била разголена, но никогаш премногу. А дека носела дреч зелена боја говори и овој фустан кој пред извесно време го носеше на натап во Софија, а за кој модните експерти се согласија дека оваа боја не е нејзината.