Каско осигурување на Кроација: Што вклучува, колку чини и дали е исплатливо?

Без разлика дали патничкото возило го користите за лични потреби или за потребите на работата со која се занимавате, пожелно е да го осигурите од потенцијални немили настани што можат да ви се случат на пат. Најдобра и најсигурна заштита на моторните патнички возила е токму каско осигурувањето.

Доколку предизвикате сообраќајна незгода, вашата полиса за автоосигурување ќе ги подмири трошоците за штетата на туѓото возило и на повредените лица. Ако, пак, е оштетен и вашиот автомобил, штетата ја подмирувате сами. Со склучување договор за каско осигурување, имате право на подмирување на штетата на сопственото возило, дури и ако вие сте ја предизвикале сообраќајката. Каско покрива и разни други ризици, од природни непогоди, па сѐ до кражба и вандализам.

Автомобилите, заедно со целата дополнителна опрема, претставуваат вредна инвестиција, а она во коешто сме вложиле треба и да се заштити и да се обезбеди. Поради тоа, за поголема сигурност и заштита, внимателно треба да се избере и преку која осигурителна компанија ќе купите полиса за осигурување.

Каско осигурувањето нa Кроација осигурување обезбедува целосна финансиска сигурност на возилото, а овој вид осигурување ги опфаќа следните осигурени ризици: поплава, порој и високи води, град, удар од гром, луња, сообраќајна незгода, како превртување, судир, лизгање, паѓање или удар од некој предмет, пожар, експлозија, ненадејно надворешно термичко или хемиско дејство, паѓање на воздушни летала, манифестации и демонстрации, кражба и разбојништво и злонамерни постапки на трети лица. Каско осигурувањето, без вклучен ризик кражба, ги вклучува сите погоре наведени ризици освен ризикот од кражба, противправно одземање на возило и разбојништво.

Освен возилото, со целосно каско осигурување може да се осигури и дополнителната опрема како: алат, приклучни уреди, прибор и резервни делови, радиоапарат, касетофон, радиоапарат со цеде, ДВД-уред, телевизор и радиостаница на возилото, кои не се вградени во возилото од страна на производителот, како и рекламните натписи во возилото и на возилото.

Видовите каско осигурување опфаќаат каско осигурување без учество во штета и каско осигурување со одбитна франшиза (учество во штета), висината на премијата се менува. Колку е поголема франшизата, толку е помала премијата и можете да го изберете видот што ви одговара најмногу.

Поволностите на каско осигурувањето на Кроација вклучуваат попусти за добра деловна соработка, попуст за петгодишен договор, попуст за полиса за автоодговорност и попуст за немање штета во последната година по автоодговорност.

ПР објава