КАЗНА ЗА СООБРАЌАЕН ПРЕКРШОК КОЈА ДОЛГО ЌЕ СЕ ПАМЕТИ: Нема да ви се верува
Казните за сообраќајни прекршоци во некои европски земји се навистина застрашувачки високи…
Пред неколку години, фински милионер мораше да плати 60.000 долари за брзо возење, додека казната од 1 милион долари издадена во Швајцарија сè уште е една од највисоките од ваков вид. Сепак, колку и да се неверојатни овие казни, тие веројатно нема да ги спречат нивните сторители да ги повторат. Неодамна, судија во Германија смисли казна за млад и несовесен возач што ќе го повреди многу повеќе од парична казна. За овој млад човек да извлече лекција која ќе ја памети до крајот на животот, судијата му наредил да плати неколку казни, му ја одзел дозволата на една година, но наредил и продажба на автомобилот во кој прекршокот бил извршен.
Младиот човек има дваесет и три години, а бил фатен додека се обидувал да и побегне на полицијата, правејќи уште неколку прекршоци попатно. Наводно, младиот возач бил во обиколка со своето БМВ 440и додека уживал со пријателите на градскиот плоштад. Кога полицијата пристигнала на лице место, тој во паника се обидел да избега. Иако полицаецот се обидел да го стигне БМВ- то, тоа едноставно била невозможна мисија, а таквата потера би била исклучително опасна за другите учесници во сообраќајот. Младиот возач поминал низ неколку црвени семафори и при бегството се качил на тротоарот.
„Го бркав максимално со нашето службено возило и неговите 192 КС но не можев да го следам. Се откажав бидејќи не можев да одговарам за ништо што би се случило со брзина од 120 километри на час“, рекол полицаецот кој се обидувал да го стигне младиот човек.
Кога бил на суд, возачот на БМВ признал дека ја надминал дозволената брзина и се обидел да избега од полицијата, но тврдел дека доживеал „затемнување на свеста“ кога ја видел полицијата и го обвини стресот предизвикан од пандемијата на коронавирус. . Сторителот посетил и психолог помеѓу апсењето и осудата, што судот го прифатил како позитивна работа. Меѓутоа, судијката Ана Болахер донесе пресуда со која го принудила возачот да го продаде своето БМВ во рок од три месеци и да плати 7.000 евра во државната каса. Доколку не го продаде своето возило, ќе му биде одземено.
„Брзиот автомобил не е играчка, но станува оружје кога е во погрешни раце. „Овој млад човек можеше сериозно да повреди некого при обидот да избега“, рече судијата.
Фото: Luxory Launches