КАЗНИ ЗА БРЗО ВОЗЕЊЕ НА ДОМАШНА АДРЕСА, секој што прекршува правила во Србија ќе добие казна која може да достигне 30 илјади денари
Од 15 октомври возачите во соседна Србија кои возат со 150 километри на час на автопатот од Белград до Ниш ќе треба да платат казни за брзо возење и до 60.000 динари (30 илјади денари).
Тамошните надлежни институции поставиле 56 најсовремени камери долж неколку автопати во Србија, кои ќе снимаат дали се надминува дозволената брзина, дали секој патник има појас - и напред и позади, како и дали возачите користат мобилен телефон. Казните автоматски ќе се испраќаат на домашните адреси за сите прекршоци забележани од камерите.
Претходниот систем предвидуваше контролата на брзината да се спроведува на „просек“ помеѓу две наплатни рампи во однос на минималното време потребно за да се стигне од една до друга точка, а доколку некој стигне побрзо, тоа автоматски би значело дека ги надминал дозволените 130 километри на час.
Во тој систем имало разни мани, па дрските возачи возеле со недозволена брзина по автопат, а потоа паузирале на бензински пумпи, а со тоа ја намалувале просечната брзина и поминувале неказнето. Повеќе на Фактор.мк
Фото: unsplash