КФСМ: Нема ограничувања, салите се отворени, ќе се игра пред полни трибини
Кошаркарската федерација на Македонија потврди дека на натпреварите во домашното првенство, согласно препораките на Владата, нема да постојат ограничувања за присиство на натпреварите, вратите на салите се отворени.
Согласно препораките на Комисијата за заразни болести и предлогот на Главниот координативен штаб, Владата на РС Македонија на ден 03.05.2022 година, донесе одлуки со кои престануваат да важат речиси сите рестриктивни мерки поврзани со Ковид-19.
Согласно ова, се укинуваат и Ковид - 19 протоколите за организација на спортски натпревари за кои ве известувам:
1. Престанува да важи обврската со која сите службени лица на натпреварите, имаат обврска да приложат сертификат за извршена вакцинација, или сертификат, односно медицинска потврда за негативен ПЦР тест,
2. КФСМ ги повлекува од употреба Ковид-19 обрасците од 1 до 4,
3. Нема Ковид-19 ограничувања во бројот на гледачите кои би биле присутни на спортските натпревари.