Ким Кардашијан: Не ми се верува дека ова е реалност

Познатата светска старлета Ким Кардашијан е повторно во центарот на вниманието бидејќи медиумите пишуваат дека наводно започнала романтична врска со 52-годишниот репортер на Си-Ен-Ен, Ван Џонс.

Ким и Ван соработувале во 2018 година за случајот на ослободување на Алис Џонсон од доживотен затвор и оттогаш многу работи се променија, пишува Дејли меил. Една година подоцна Ван се разведе од сопругата Џејн Картер, со која беше во брак 14 години, а Ким поднесе барање за развод од Канје Вест во февруари оваа година.

Но сето ова го негираат од нејзиниот тим. Ким не се замара со озборувањата и на својот Твитет профил даде силна поддршка на едно многу популарно движење наречено Реформи. 

Таа пишува: 

Не ми се верува дека ова е реалност за милиони Американци ...@РЕФОРМИ

„Најновиот филм е срцепарателен и моќен. Отсекогаш сум била поборник за нивната работа за промена на системот и условно ослободување. Ширете го зборот и придружете се на движењето да ВРАТИ СЕ ВО ЖИВОТ.“