Спорт // Спорт
Кирил Лазаров ги одбра играчите за двомечот со Португалија
Кирил Лазаров, селекторот на машката ракоемтна репрезентација, го објави скратениот список на ракометари за квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2024 година против Португалија.
Во составот се Мартин Велковски и Марио Танковски кои се повратници, а ги нема Дејан Манасков и Гоце Георгиевски од Вардар 1961.
Првиот меч меѓу Македонија и Португалија се игра на 9 март во Скопје, додека вториот меѓусебен натпревар е во Матосињос закажан на 12 март.