Ќе ни недостасувате: Меган и Хари се огласија по смртта на принц Чарлс

Војводата и војвотката од Сасекс изразија длабоко жалење поради смртта на сопругот на кралицата Елизабета Втора...

Вчера јавноста беше шокирана од веста за смртта на прицот Филип, сопругот на кралицата Елизабета Втора. Тој почина на 99 години, а во Британија пораид неговата смрт е прогласена осумдневна жалост. По повод овие тажни вести, се огласија и принцот Хари и Меган Маркл со објава на веб страницата на нивната добротворна организација „Арчвел“.

„Во знак на сеќавање на Неговото Кралско Височество, војводата Единбург (1921 - 2021). Ви благодариме за Вашата служба, ќе ни недостасувате“ - стои во пораката која ја пренесува Си - Ен - Ен.

Инаку, кралицата Елизабета Втора и нејзиниот сопруг принцот Филип беа еден од најдолговечните познати двојки и минатата година прославија 73 години брак.

фото: Profimedia