„Ќе правам што сакам, ама пари за коронавирус не давам„
Емануел Адебајор во последно време е „брилијантен“. Пред неколку месеци тој беше брутално казнет по ѕверскиот испад во еден натпревар, а сега поранешната ѕвезда на Манчестер Сити, Арсенал, Реал ги одврати своите навивачи - со себичност.
Иако здравствените експерти предупредуваат дека на Африка и се заканува катастрофален период во време на пандемијата, славниот фудбалер не е заинтересиран.
„Донација? За оние што велат дека не донирам пари, јас ќе бидам многу јасен. Едноставно е, не давам пари“ - рече славниот фудбалер и додаде:
„Јас го правам она што го сакам, јадам она што сакам и онака ќе има такви што ќе речат дека не сум донирал ништо“.
Фудбалерот, додека играше за Сити, на пример, заработуваше 200.000 евра неделно. И, тој сака да се фали со своите автомобили и домови, па затоа често ги објавува на социјалните мрежи. Адебајор неодамна се врати во Того откако помина 15 дена во карантин во Бенин, а потоа се пожали за односот према него.
"За жал, некои луѓе мислат дека го донесов вирусот. Така е тоа овде. Тие ме споредуваат со Дрогбо и Ето, но јас не сум како нив. Јас сум Емануел Адебајор и секогаш ќе го правам она што го сакам", уште еднаш самоуверено истакна.
Новак Ѓоковиќ неодамна донира милион евра за респиратори во Србија и уште еден милион евра за болница во Бергамо, се приклучија и многу други спортисти (Федерер - еден милион франци), но на некои им е тешко да „го олеснат“ својот паричник кога станува збор за глобални тешки моменти ...