Ќе се изненадите: Каде во Европа најмногу се крадат автомобили?
Одговорот ќе ве изненади
Италија го зазеде неславното прво место со 276 украдени автомобили на 100.000 жители.
Многу сопственици на автомобили вечно се плашат дека би можеле да го загубат лименото милениче, а каде тоа најчесто се случува, анализата ја направи британскиот портал за Confused.com.
Тие ја споредија фреквенцијата на кражби на автомобили во 35 европски земји од 2011 до 2019 година. Анализата е направена на зачестеноста на кражбите пресметана во однос на бројот на жители (кражби на 100.000 жители), а не во однос на бројот на возила.
Германското федерално биро за статистика наведува дека во просек 569 од 1.000 луѓе во ЕУ поседуваат автомобил (од 2019 година); Меѓутоа, во некои земји на ЕУ стапката на сопственост на автомобили е значително помала.
Италија го зазеде неславното прво место со 276 украдени автомобили на 100.000 жители. Таму густината на возила по глава на жител е малку поголема отколку во Германија, но ако се земе тоа предвид, стапката на кражба е импресивна.
Анализата покажа дека на секој час во Италија се крадат по 19 автомобили. Меѓу првите 5 се и Чешка, Шведска, Франција и Грција.
Најмал број кражби на автомобили има во Данска (пет кражби на 100.000 жители), а потоа следат Данска, Лихтенштајн, Хрватска и Словенија со ниски кражби, пренесува HAKRevija.
Фото: фреепик