Ќе се изненадите: Вистинското име на Бред Пит му е Вилијам и течно зборува Јапонски

Фраер во комплетна смила на зборот

Познатиот актер важи за еден од најубавите мажи на оваа планета, а во текот на својата долга кариера, тој има направено неколку работи за кои малку се знае...

Бред Пит повторно покажа дека е маестрален актер во филмско остварување на Квентин Тарантино „Once Upon in Hollywood“.

Иако сите знаат за него, ретко кој знае детаљи за неговиот живот, па затоа одлучивме да ви споделиме неколку работи за овој актер, за кои сигурно немате слушнато.

1. Неговото вистинско име е Вилијам Бредли Пит, но по заминувањето во Холивуд, тој се одлучи да користи само Бред Пит.

2. Има 56 години и просто е неверојатно некој така добро да изгледа во својата шеста деценија од животот.

3. Прогласен е за најубавиот маж на планетата два пати досега.

4. Пред да стане актер, Бред работел како физички работник и шофер.

5. Студирал новинарство и никогаш не се занимавал со оваа работа.

6. Неговиот прв филм се викал „Мрачната страна на месечината“ и бил во југословенска-американска продукција, а филмот е снимен на југословенското приморје.

7. Филмот со кој се прослави беше „Интервју со вампирот“, каде Бред глумеше заедно со Том Круз и Антонио Бандерас.

8. Знае течно да го зборува јапонскиот јазик.

9. Кога го глумеше Ахил, на снимањето си ја повреди „ахиловата пета“, па многу помислија дека тоа е знак од Ахил.

10. Иако досега е номиниран 4 пати, Бред Пит освои еден Оскар после толку години.