Ќе се восхитите: Совршенство од автомобил

Lexus, LF-30 Electrified, изгледа како нешто што Харисон Форд би возел во неонски осветлена дистописка визија за Лос Анџелес потпишан од Ридли Скот. Воведен за време на Саемот за автомобили во Токио, овој концепт е дизајниран ја отелотвори визијата „Lexus Electrified“.

Секоја дискусија за LF-30 мора да започне со неговата визуелна естетика, бидејќи ова возило изгледа како производ на дивата имагинација на уметнички концепт за научна фантастика.

Возилото има смела аеродинамика. Најатрактивниот дел од дизајнот на овој модел се неговите врати, кои се отвораат за подеднакво футуристички ентериер. Светлата потсетуваат на ласери.

И додека надворешноста на L30 ви привлекува внимание, она што ќе го одбележисе технички спецификации. Концептот го напојуваат четири електрични мотори, по еден за секое тркало, што му овозможува да произведе комбинирана моќност од 536 коњски сили и забрзување од нула до 100 километри на час за само 3,8 секунди. Електричниот погон на овој модел се напојува со литиум-јонска батерија 110 kWh спакувана под неговиот под, давајќи му домет од 500 километри.

LF-30 ќе има и автономен режим на работа, кој се активира кога седиштата се спуштаат и управувачот исчезнува во контролната табла. Покрај тоа, ќе биде достапен режимот за возење Lexus Teammate, од кој возачите можат да управуваат со возилото така што тој може да паркира и повикува само кога е подготвен да излезе.