Стил // Совети
Ќе те сака, подари и дел од твојот свет
Еден стар мудрец раскажува...
Како ќе знам дали жената вистински ме сака, прашал еден човек, мудрец. Мудрецот му одговорил: Ако прави 14 работи, сигурно те сака. Човекот запрашал: А кои се тие? Мудрецот одговорил:
- Ако го сака твоето однесување и оние кои те сакаат
- Ако не се лути кога имаш различен став од нејзиниот
- Ако ја погодува твојата тага или лутина
- Ако постојано се грижи да наоѓа заеднички теми да ги разговарате заедно
- Ако те прашува за совет секогаш кога ќе треба да одлучи
- Ако се радува на секој твој подарок, па дури и најскромниот
- Ако се обидува да те поддржи или да преземе дел од твоите обврски
- Ако ја загрижува твоето отсуство
- Ако сака да прави работи кои те насмевнуваат, а не го повторува тоа што те лути
- Ако не и смета твојата мала плата
- Ако сака да биде дел од твојот свет
- Ако се обидува да биде дел од твоите идеи
- Ако не се срами од твојата работа, каква и да е
- Ако ти помага кога правиш добри дела