Ќе ве натера на невозможното: Ник Вуичиќ инспирира милиони

Aко некогаш сте се почуствувале незадоволно и без енергија, ако ве инспирираат луѓе кои имаат сила, прочитајте ги советите на мотивациониот говорник Ник Вуичиќ кој е без раџе и нозе, и добро размислете кое е вашето место во светот.

Неговите животни мудрости ќе ве натераат да се забетонирате во столицата и да поцрвенеете од срам бидејќи сте арогантни во вашите желби. Всушност ќе ве натераат да сфатите дека сте среќни баш такви какви што сте.

-Се што би направил за себе, направи и за другите луѓе. Не треба да очекувате корист од великодушните дела, но добрите дела може да те доведат до изненадувачки награди.


- Синдромот „Би бил среќен кога би го имал тоа и тоа“ е масовна измама. Ако барате среќа во материјаните работи, никогаш нема да ја имате доволно.

-Можеби немам раце со кои би можел да ги држам рацете на мојата жена, но за да го држам нејзиното срце не ми требаат раце. Нејзиното срце е она што сакам да го држам.

Старвот е поголем хендикеп отколку да се немаат раце и нозе. Долго време не бев подготвен да се соочам со она што навистина не е во ред со мене и не е мое тело, туку ограничувања кои си ги поставував сам на себе.

-Предизвиците постојат за да не зајакнат, да не направат посилни, а не за да не прегазат.

-Ако често се присетувате на старите рани, со тоа му давате моќ и контрола на оној кој ве повредил, но ако му простите, со тоа ја пресекувате секоја врска со него. Тогаш тој веќе не може да има никакви врски со вас.

-Благодарен сум што сум жив, иако мислев дека мојот живот нема да биде вреден за живеење. Никогаш не знаеш што се Бог може да направи со твоите скршени делови, додека не му ги предадеш.

-Што мислите вие дека треба да изберам: да му бидам лут на Бог поради тоа што го немам или да му бидам благодарен за она што го имам? На моите семинари луѓето ми говорат како токму тие не можат. Како се престари, премлади, предебели, преслаби, кога имаат премногу дипломи, недоволно дипломи, како немаат пари, како немаат време. Воглавно, секогаш имаат изговор зошто не можат. Да се разбереме и јас бев таков! Работите се променија од оној момент кога почнав да барам начини како би можел, наместо барање изговор зошто не можам.