КликниЈади конечно во Охрид : Кул брза достава и на плажа
Се релаксирате на плажа во Охрид, сонцето пече, вие во вода, излегувате од вода и веднаш сте гладни. Ви текнува на пица и ви ја носат таква каква што сте посакале. Или пак, не ви се гужва во центарот каде нема паркинг, си нарачувате храна и за половина час веќе ја јадете...
Да, може сево ова!
КликниЈади е компанија која врши достава на храна од многу ресторани во Скопје до вашиот Дом или Канцеларија, а тоа е посебно кул токму во овие моменти кога коронавирусот никако да му текне да си замине.
![]()
Соработуваат со повеќе од 200 ресторани, 60+ доставувачи реализирано, повеќе од 300.000 нарачки. И тоа е за почит! Интересно е тоа што просечно време за достава на КликниЈади е 37 минути со 97% навремена достава и на тоа се посебно горди. Кој пробал- знае!.
Одличен тим за грижа на корисници, целосна подршка во секое време од денот.
Роберт Тодоровски, COO на КликниЈади вели дека се појавила потреба за сервис КликниЈади во Охрид:
- Потребата за сервис КликниЈади во Охрид доаѓа од лично искуство, често сум во Охрид и секогаш ми било проблем да дојдам до ресторан да нарачам, а да не зборуваме за достава. Охриѓани одлично реагираат на идејата и ја поздравуваат, велат дека фалело ваков сервис. Повеќето веќе биле запознаени со КликниЈади што изненадува, со оглед на тоа што до сега бевме лоцирани само во Скопје.
![]()
Инаку, доставуваат во цел Охрид, како и на плажите, се‘ до Градиште.
Веќе почна со соработка со неколку ресторани како што се Irish Pub Five со топ бургери и многу интересно мени, со Prova- пицата им е многу вкусна и автентична, D Food топ сендвичи. La Fabriq, Antiko и други кои веќе ги контактираат да се приклучат.
![]()
- Доставуваме и на плажа, не е проблем само е важно да се означи точна локација со пинот. Како што е познато со Виза промоцијата, секој што ќе плати со Виза картица добива бесплатна достава каде и да е. Значи од Охрид до Градиште доставата би била бесплатна и плус 100 денари попуст на нарачката. Вие си уживате на плажа, а храната и доставата оставете ја во рацете на професионалците од КликниЈади- додава Роберт.