Климата во возилата, на возачите може да им влијае како алкохол
Во текот на возењето климата е опасна кога е пуштена, бидејќи неправилната употреба може да создаде големи проблеми.
Ангел Суарез, инжиниер во Сеат техничкиот центар, раскажува дека најголемата опасност се заканува од непроверување на автомобилот пред да ја уклучите климата во него. Опасноста може да биде поголема, и затоа ова е најголемата грешка на возачите.
„Триесет секунди пред пуштање на климата, потребно е да ги отворите прозорите, или вратата, со што би излегла топлината од автомобилот доколку времето надвор е топло“ тврди Суарез. Истото вели дека се случува и кога ја уклучуваме да дува топло во зима. Автомобилот мора прво природно да се проветри, па потоа се пут климата, но никако на многу силна температура. Тој советува дека температурата во лето не се мести под 21 степен, а во зима според осетот, но никако премногу да стане жешко. Ако внатрешноста на автомобилот е многу загреана, постои опасност од бактерии.
Саурез предупредува дека посебно високите температури може негативно да влијаат на возачките способности. „Кога температурата во автомобилот е 35 степени, возачот реагира 20 проценти побавно отколку на 25 степени. Возачот во овие околности реагира како да има 0,5 промили алкохол во крвта“, раскажува Суарез.