Клоп : Никогаш не потценувајте, вечерва не очекува „пекол“ на реваншот

Ливерпул со два гола предност гостува кај Вилјареал (21-00 час.)  во полуфиналето од Лигата на шампионите, реваншот вечерва ќе го даде првиот патник во финалето на елитното натпреварување на УЕФА.

Клоп и Ливерпул имаат 2-0 предност по првиот меч, но Германецот не се опушта и најави дека вечерва неговиот тим го очекува тежок натпревар.

„Никогаш не можете да знаете со сигурност, ова е само еден реванш меч во полуфиналето, не смееме да се опуштиме, не очекува тежок натпревар. Ние ги третираме максимално, нема опуштање, ако Вилјареал не елиминира, ние ќе честитаме, никогаш не готово додека не обезбедите резултат каков што сакате, без разлика на нашата предност. Финалето е секако поважен натпревар, но сега ние размислуваме само за овој реванш, тоа е во моментот најважно за нас, и секако пласман на завршниот натпревар во ЛШ сезонава“ – рече Клоп на прес конференцијата.