Кое е девојчето што тивко стоеше покрај ковчегот на Амфилохије

Во Подгорица беше погребан митрополитот црногорски и приморски митрополит Амфилохије, а во катедралата Христово воскресение, веднаш до ковчегот, стоеше малата Уна Рајовиќ.

Осумгодишната Уна стана симбол на литијата во Црна Гора, бидејќи одеше со нејзиниот татко веднаш до ковчегот и носеше икона.

Кога полицаец ја поздрави со насмевка, девојчето застана и сериозно го праша: „Зошто се смееш, ова е многу сериозна работа“.

Малата Уна не беше крстена, па затоа митрополитот Амфилохије изрази желба тој да биде нејзин кум.