Кога се родила, лекарите занемиле од шок: Иванка живее без едно око, но инвалидитетот не ја спречи да биде успешна жена

Иванка Данисова (37) од Братислава денес е успешна правничка, но нејзиниот пат до самодоверба и стабилност бил исполнет со болка и борба. 

Родена е со ретка генетска состојба – Голденхаров синдром, кој предизвикува деформации на лицевите коски, очите и ушите, и се јавува кај едно од 25.000 деца.

Од најраното детство Иванка се соочувала со погледи, навреди и исмевање. Децата ја одбегнувале поради нејзината различност, а таа долго време се криела зад долга коса и молк. „Моето детство не беше лесно. Ми покажуваа дека сум поинаква, но јас секогаш имав цел и верба дека можам повеќе,“ вели Иванка.

И покрај тешките прогнози на лекарите, таа успеала да заврши школување и да стане пример за упорност и интелигенција

Нивната борба ја однесе и до САД, каде што стана првата Европејка подложена на револуционерен хируршки зафат кој ѝ овозможил делумна реконструкција на лицето и нов почеток.

Низ сето тоа, најголема поддршка ѝ биле нејзините сестри, кои ѝ ја дале силата да го прифати својот изглед и да се гордее со себе. „Благодарна сум што имав луѓе кои ме научија да бидам храбра и да не се плашам,“ вели таа.

Денес Иванка е вљубена, насмеана и горда жена. Нејзиниот партнер, како што вели, ја сака поради нејзината душа, а не изгледот. Повеќе не се крие – со гордост го покажува своето лице, кое за неа е симбол на храброст и различност.

„Не мора да бидете совршени за да бидете убави,“ порачува Иванка. „Вашата борба и вашето срце се вашата вистинска убавина.“

Извор / Freepik