Кои места во светот се најопасни за возење?
На приложената мапа, секоја земја е обоена со боја која претставува колку сообраќајни незгоди се случиле на 100.000 жители во период од една година.
Најопасни дестинации во моментов се Еритреја (48,4 загинати лица на 100.000 жители), Либија (40,5) и Ирак (31,5), а меѓу помалку безбедните земји се најдоа и некои од најпопуларните туристички дестинации како Тајланд (38,1), и Јужноафричката Република (31,9), пишува британски „Телеграф“.
Релативно ризични патишта може да се најдат и во Еквадор, Виетнам, Бразил, Парагвај, Кенија и Лаос.
Уште некое значајно откритие го вклучува и фактот дека патиштата во Португалија се помалку безбедни од оние во преостанатиот дел од Западна Европа, како и дека возењето во САД е двапати поопасно од возењето во Канада.
Најбезбедни места за возење на патишта се Малдиви (1,9), Норвешка (2,9), Данска (3), Шведска (3), Швајцарија (3,4), како и Велика Британија (3,5) , но сите овие држави ги надмина Сан Марино, во кој во 2010 година не била забележана ниту една сообраќајна несреќа со фатални последици.