Кои се најдебелите жени на Балканот? Ќе се изненадите

Во просек, најдебелата нација во светот се жителите на Кувајт, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од порталот Visual.ly. Со просечен индекс на телесна маса (БМИ) од 29,5, мажите од Кувајт имаат 27,5, а жените 31,4 единици за БМИ и се први во светот по дебелина.

Следат жителите на Соединетите држави (САД) со просечен БМИ од 28,8 единици, жителите на Тринидад и Тобаго и Аргентина имаат индекс на телесна маса во просек околу 28,6, жителите на Египет и Мексико 28,4 и Нов Зеланд 28,2.

Од друга страна, на дното на скалата се наоѓаат некои од најсиромашните земји во светот.

Имено, во просек, најтенки или најслаби во светот се граѓаните на Бангладеш со индекс на телесна маса 20,2. По нив следат Еритрејците, Етиопијците, жителите на Шри Ланка, Конго, Непал и Виетнам.

Според истражувањето на Visual.ly, сите балкански земји се во групата на нации со прекумерна тежина.

Најдебелата нација во регионот се Хрватите со просечен индекс на БМИ 26. По нив следуваат жителите на Албанија и Србија со 25,9, Босна и Херцеговина со 25,8 и Македонија со 25,2. 

Според истиот извор, просечно најдебелите жени на Балканот се наоѓаат во Македонија со индекс на БМИ од 26,4, а потоа следат Албанки и Босанки и Херцеговки.

Најдебелите мажи во регионот се исто така во Хрватска со 26,6 единици за БМИ, а потоа следат мажите од Србија и Албанија.

Во поширокиот балкански регион, по Словенија, најдебели се граѓаните на Турција со 26,3 единици за БМИ, и граѓаните на Словачка, Бугарија и Унгарија.

Исто така, најтенка (најслаби) нација во Европа се Романците со 24,1 единици за БМИ, проследени со граѓани на Естонија, Франција, Украина и Данска.

Од друга страна, најдебела европска нација се Грците со 27,5 единици за БМИ, а по нив следуваат Германците, Белорусите, Британците и Словенците.

Порталот Visual.ly спроведе истражување користејќи податоци од Светската здравствена организација (СЗО) и на тој начин дојде до конечните податоци за индексот на БМИ за жени и мажи во земјите низ светот.

Индексот на телесна маса (БМИ) е вид на мерка за обликот на човечкото тело врз основа на тежината и висината. Се пресметува со делење на тежината на една личност во килограми со квадратот на неговата висина. Според овој метод на пресметка, се смета дека едно лице има нормална телесна тежина ако неговиот БМИ е од 18,5 до 24,5. Луѓето со индекс на БМИ од 25 до 29,9 се сметаат за дебели.

(Агенција Анадолија)