Кои се најголемите разлики помеѓу успешните и неуспешните луѓе?
Во која група спаѓате вие?
Што е тоа што ги
одредува успешните луѓе? Многу од нас ќе кажат парите и положбата во друштвото,
но тоа не е воопшто точно. Многу луѓе кои дошле до пари, започанале од нула, а
нивните работни навики и човечки квалитети ги довеле до самиот врв. Луѓето често
знаат да се правдаат така што зборуваат дека немаат среќа во животот и дека не
им е судено да бидат успешни, што исто така не е точно. Секој е творец на
својата судбина и ако одлучите да се потрудите за својот живот и да го
направите подобар, сигурно ќе успеете во тоа.
Ова се најголемите разлики помеѓу успешните и неуспешните луѓе, па вие сами проценете во која група припаѓате:
1. Успешните луѓе сакаат и другите да успеат, додека неуспешните сакаат да ги видат како пропаѓаат.
2. Успешните прифаќаат промени, додека неуспешните се плашат од нив.
3. Успешните луѓе даваат комплименти, додека неуспешните само критики.
4. Успешните луѓе зборуваат за идеи, додека неуспешните зборуваат за луѓето.
5. Успешните постојано се трудат да научат нешто ново, додека неуспешните луѓе мислат дека знаат се`.
6. Успешните сакаат да простуваат, додека неуспешните се злопамтила.
7. Успешните ја прифаќаат одговорноста за своите постапки, додека неуспешните ги обвинуваат другите.