Кој има подобар стил на облекување во време на изборна кампања: Заев или Мицковски?

Политичарите
денес станаа еден вид тредсетери, инфлуенсери, модни икони и што ли уште не. На
толку многу појавувања не може, а да не го забележиме нивниот стил на
облекување кога тоа е првото нешто што го воочуваме- а второто- не можеме да ги
дослушаме што имаат да кажат... И секаде во светот политичарите во време на
изборна кампања се застапени најмногу во медиумите, ја нудат својата програма и
држат говори.
Токму на таквите говори и јавни собири, јасно се гледа нивниот стил, па така и на лидерите на најголемите политички партии во Македонија- Зоран Заев на СДСМ и Христијан Мицковски на ВМРО ДПМНЕ.
На само неколку денови пред гласањето, и Зоран и Христијан се активни, често се меѓу народот и забрзано собираат политички поени. Но, ниту едниот ниту другиот скоро и да не оставаат некој посебен влечаток со нивниот стил на облекување. Просечно, на моменти досадно, но сепак се непогрешливо класични. Можеби ја пронашле златната средина... Костум, вратоврска (кога како) добри чевли... и тоа е тоа. Нема боја, нема барем мала игра со детаљи, нема малку драма... Ама дури и изненадувачки, можеби затоа што е лето, и двајцата носат прикладни маици- кошули и фармерки и со тоа ни покажаа „малку месо“.
Заев на моменти е елегантен, на моменти комфорен. Не може ни да се каже дека е „стара школа„ во облекувањето, ни некој кој преферира трендовски стил. Во принцип урамнотежен, и според неговата висина, костумите често знае да не ги утне со должината. Но, едно те исто- бела кошула, сина боја на костум, црни чевли... Не е страшно ако понекогаш дополни со интересен брош, кошула во пастелна боја, чорпи со суптилен дезен, па и маица. За неформални или теренски настани, скоро секогаш е на ниво со стилот.