Кој има поголеми шанси во борбата на векот: Може ли Мајк Тајсон да го нокаутира британскиот Тајсон?
Тоа што има 53 години не мора да значи дека Тајсон не може да пласира разорен удар за да го сруши противникот
Спортскиот свет беше оставен во благ шок по објавувањето дека легендарниот Мајк Тајсон ќе боксува на егзибиционен мечпротив најдобриот борец на денешницата, шампионот Тајсон Фјури. Според британските медиуми, Мајк Тајсон решил да прифати покана за борба против британскиот Тајсон по неколкумесечна интензивна физичка подготовка, иако претходно се шпекулираше дека ќе влезе во рингот со својот најголем ривал Евандер Холифилд.
Натпреварот со Холифилд би имал смисла, Евандер е само четири години постар од Тајсон и тие се приближно тука некаде кога станува збор за фитнес, сила, брзина, но натпревар со 22 години помлад Британец ... Па, тоа е друга приказна.
Кои се шансите на Тајсон?
Американецот има 53 години, одамна се пензионираше и неодамна се врати со форма, од друга страна, 31-годишен гигант неодамна го сруши досегашниот непоразен Деонтај Вајлдер кој исто така важеше за еден од најдобрите во поновата историја.
Затоа, мора да се запрашаме, какви шанси има Мајк Тајсон против Тајсон Фјури? Реално, нема. Ако Фјури не се зеза, што е многу отворена опција затоа што тој е смешен лик, Тајсон навистина нема шанса. Тајсон, како што рековме, одамна ја помина педесеттата година од неговиот живот, па дури и пред 15 години кога тој се уште беше професионален боксер и во некаква конкурентна форма, значително изгледаше полошо отколку во времето кога доминираше. Во последните пет про-натпревари, Тајсон загуби три.
Фјури мора да биде внимателен
Меѓутоа, ако Фјури ја преземе борбата лесно, тој би можел да се обиде со нокаут. Да се биде 53 години не мора да значи дека Тајсон не може да пласира разорен удар што би го срушил противникот. Да, тој веројатно нема да може да трае повеќе од три, четири рунди, додека Фјури веројатно може да трае повеќе од 12. Да, тој е веројатно побавен од порано, тој веројатно се движи помалку, но сепак со својот изглед и широк поглед тоа предизвикува страв, и ако Фјури налета на кроше или аперкард, би можел да помине лошо.
Понатаму, ако борците го сфатат натпреварот сериозно, дури и ако тоа трае само три или четири рунди и дури и ако го елиминираме елементот на фитнес и форма, Фјури повторно ќе има огромна предност заради неговата висина (30 см повисок од Тајсон) и распон на раката што се протега на дури 216 сантиметри. И, секако треба да се потенцира дека Фјури е десет килограми потежок од американскиот боксер.
Конечно, да се сумира. Ако борците го сфатат натпреварот сериозно, што е реална претпоставка затоа што гледачите тоа ќе го очекуваат, Фјури има огромна предност поради возраста и физичките предиспозиции, но Тајсон сепак поседува моќ на нокаут и може да направи штета. Сè на сè, ова ќе биде многу интересен натпревар, ако се случи воопшто.