Која е фирмата од која се чекаат резултати за воздухот во Трубарево: Испитува вода, воздух и отпад, мери бучава во дискотеки, врши стручни работи за безбедност и здравје при работа

Фирмата „Еуромак-Контрол“, соработник на повеќе државни институции треба да ги даде резултатите, што содржел воздухот во саботата, кога гореше електронскиот отпад и пластика во просториите на „Ф-Групација“ во Трубарево, чиј пожар предизвика страв кај граѓаните, што дишеме по огнот и силната миризба која ја почувствуваа сите во Скопје. 

„Еуромак-Контрол“ постои од 1999 година. Ја поседуваат Сузана и Љупчо Темелкоски, а нејзините услуги за лабораториско испитување на вода, воздух, отпад и слично освен Министерството за животна средина, ги користат и други институции, како на пример општините Битола, Карпош, но и Град Скопје. Во моментов, има активен договор со Министерството за животна средина во вредност од 708 илјади денари, потпишан на 20 мај годинава, а со рок на траење од една година или до искористување на сумата. 

Низ годините, фирмата има пад на приходите и добивката. Во 2022 година, имала приходи од над 430 илјади евра, а добивка од 71 илјади евра. Во 2023 година, имала приходи од 390 илјади евра или 40 илјади евра помалку од претходната година. И добивката на фирмата била значително помала од претходната година - 15 илјади евра. Лани пак, „Еромак-Контрол“ имала приходи од 370 илјади евра и приходи од 10 илјади евра.

Освен испитувања, фирмата нуди и други услуги - Добила тендери од државната ЕСМ за проценка на ризик на работни места и обука на вработени. „Еуромак-Контрол“ ќе прави проценка на ризик на работни места и за Централниот регистар, а за штипскиот затвор, ќе врши стручни работи за безбедност и здравје при работа на вработените Планска документација за евукација при пожар Елаборат при заштита од пожар. Досега во 2025 година, има добиено вкупно 23 државни тендери.

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ НА ФАКТОР ТУКА.