Колекција супер автомобили на најконтроверзниот тајкун во тутунската индустрија

Судејќи по се, колку поголем број автомобили поседува, а посебно оние скапоцените, колекционерски примероци, толку подобар углед таа личност ужива. Автомобилите станаа своевиден статусен симбол, кој е видлив во гаражите на бројни и познати личности.

Од друга страна, тоа се оние милионери и милијардери кои автомобилите ги гледаат како сликички и ги купуваат на големо, со желба да го поседуваат секој специјален модел кој е произведен, а во исто време, никој друг да нема „копија“. Колекциите автомобили на бројни познати личности се едноставно неверојатни и вредат многу повеќе од буџетот на држава со средна големина.

Уште еден човек кој може, со право, да биде дел од листата познати со луди колекции на автомобили е контроверзниот тајкун Траверс Кендимен Бејнон, кој на фановите им даде увид во неговата гаража, полна со скапоцени и егзотични спортски автомобили.

Исто така тој со своите обожаватели на социјалната мрежа Инстаграм сподели фотографија снимена во Кендишоп вилата каде позира со автомобилите, и секако во друштво на убави жени. 

Прелистајте низ фотографиите и погледнете ја неговата колекција автомбили која вклучува позлатен Lamborghini Aventador, црвен Ferrari, дури два Rolls Royce модели, Bentley, Mercedes G-Wagon и незаборавниот Porsche.


Комбинираната цена на неговата флота автомобили достигнува цифра од неколку милиони долари. Инаку Бенјон е директор и наследник на FreeChoice тутунската империја, а пред да дојде на таа позиција беше машки модел и фудбалер.