Колку Балкнците сакаат да пијат се огледува во вицевите: Хумор на сопствена сметка кој се раскажува и на славите

Балканот отсекогаш бил плодна почва — не само со богата традиција, музика и храна, туку и со неисцрпна смисла за хумор. 

На овие простори смеата е начин на преживување, а вицовите се огледало на народот кој знае да се пошегува и на туѓа, но и на своја сметка.

Балканците се особено познати по тоа што од секоја ситуација знаат да најдат причина за смеа — дури и кога во приказната има која чашка повеќе.

Од кафанските легенди, семејните слави, па сè до незаборавните „афтери“, алкохолот често е главна инспирација за урнебесни приказни и шеги кои се прераскажуваат со години.

БАЛКАНЦИ И АЛКОХОЛ

Во целиот свет алкохолизмот е болест. Само на Балканот ќе те прашаат:
„Зошто не пиеш? Да не си болен?“

ЌЕ ГО УБИЕ ЖЕНАТА

Влегува пијан Балканец во кафана и вика:
– Среќна Нова година!
– Каква Нова година, човече, сега е февруари!
– Февруари?! Ќе ме убие жена ми, никогаш не сум се вратил дома толку доцна!

УЛИЦАТА Е КРИВА

Алкохоличар го прашува Перо каде е другата страна на улицата.
– Преку пат! – одговара Перо.
– Интересно... Таму ми рекоа дека е овде!

ВРВ НА ПИЈАНСТВОТО

Врв на пијанството е кога на свадба ќе ја донесат тортата, а ти ќе прашаш:
– Чиј роденден е денес?

Или кога ќе го повикаш келнерот и ќе му кажеш:
– Келнере, донеси ми врата да излезам!

Извор / Freepik