Колку чини возење на електричен автомобил од едниот крај на континентот до другиот (ВИДЕО)

Електричниот Ford Mustang Mach-E возеше 3.907 км од брегот на Пацификот до Атлантикот, со 9,8 часа поминати на полнач.

Со просечна автономија од околу 400 км, модерните електрични автомобили сè уште не се многу практични за подолги патувања, но во земјите со развиена инфраструктура, можно е да се преминат правци од неколку илјади километри, со повремени запирања за полнење на батеријата.

Серхио Родригез направи едно такво патување, поминувајќи скоро 4.000 км од едниот крај на северноамериканскиот континент до другиот.

Тој тргна со електрично возило Ford Mustangu Mach-E First Edition, од брегот на Пацификот, од Калифорнија, за да го заврши патувањето во Џорџија.

Имајќи предвид дека прогласената автономија на овој автомобил е околу 435 км, а трасата е долга точно 3.907 км, тој имаше многу застанувања за полнење на батеријата. Поточно, Родригез потроши дури 586 минути (скоро 10 часа) на брзи полначи.

Кога конечно ја повлече линијата, патувањето го чинеше 159,85 долари (околу 134 евра), што требаше да ги плати за потрошената електрична енергија на полначите.

За споредба, истото патување со моделот Ford Escape со трицилиндричен 1,5 литар бензин би чинело околу 200 долари (167 евра), што значи дека заштедил околу 40 долари.

Сепак, времето е пари, па големото прашање е дали оваа заштеда ги оправдува изгубените 10 часа при полнење на батеријата.



Фото: Youtube/screenshoot