Комити: По Работнички, сега и Силекс ни е непријател, Вардар е обичен второлигаш
Вардар не успеа да обезбеди бараж за ПМФЛ, победи против Кораб, но Воска обезбеди реми со Силекс и ќе игра меч за пласман во елитата на македонскиот клупски фудбал.
Комити се незадоволни, со статус на Фејсбук потсетија Работнички им е непријател, а сега и Силекс, клубот потвфрли организациски.
Објавата на Комити на Фејсбук:
Но ако сме реални грешките за оваа најслаба сезона во историјата на ФК Вардар, ќе ги пронајдеме пред се во сопствените редови. Вардар организациски е една обична нула, потпросечен второлигашки тим.
Благодарение на Грне се врати надежта, но дури и со идеален ефект (пет од пет) не можеа да се покријат организациските пропусти од предходно.
Но нас не ништат долго време, а ние сеуште сме тука, и секогаш сме посилни од предходно. Тука сме затоа што не се предаваме, па затоа немаме избор освен да бидеме посилни.
Нека проработи инаетот, и целиот гнев нека се претвори во љубов, затоа што ќе победиме единствено со љубовта а не со омразата, и тогаш победата ќе биде триумф.
Да се радуваме на трибина, затоа што она што сме ние, и она што го имаме е посебно и свето, нешто што овие гнаси никогаш нема да го разберат
ФОТО: КОМИТИ/Фејсбук