Компанија од соништата: Има 4.116 работници, секој доби нов автомобил (ВИДЕО)
Кинеската компанија за преработка на железо Jiangxi West Dajiu Iron & Steel Corporation стана вирална сензација во Кина откако беше објавено дека секој од 4.116 работници е изненаден со нов автомобил.
Причината е што компанијата ги надминала своите профити, петта година по ред.
Кинеските медиуми известуваат дека раководството на компанијата решило да им се заблагодари на работниците на посебен начин, па тие им поделиле 2.933 Ford Territoryja и 1.183 VW Magotana. Според Соху, автомобилите вредат околу 74 милиони долари, а компанијата ќе плати за регистрација и осигурување во следните пет години, како и даноци за возилата.
Автомобилите со црвени машни,ги објавија на Јутјуб, а целата акција наиде на различни реакции. Некои тврдат дека би можеле да им дадат пари на работниците и самите да си купат возилата што ги сакаат или нешто друго што им треба.