КОНЕЧНО: Нови тестови од САД со скоро 100 процентна прецизност- Ја откриваат инфекцијата на коронавирусот одма после заразата
Научниците кои работат за американската војска дизајнираа нов тест за „Ковид-19“ кој може потенцијално да ги идентификува сите заразени дури и пред да станат заразни од другите.
Експертите кои го водат овој проект се надеваат дека преку овие тестови на крвта ќе можат да го детектираат присуството на вирусот 24 часа по инфекцијата, односно долго пред да се појават првите симптоми и неколку дена пред болеста да можат да заразат други. Овој вид на тестирање ќе открие присуство на вирус четири дена порано отколку што можат тековните тестови.
Тестот потекнува од проект формиран од Агенцијата за напредни истражувачки проекти во одбраната (ДАРПА) и се очекува да биде доставен до Управата за храна и лекови на САД (ФДА) за преглед и одобрување во рок од една недела.
Во употреба уште во втората половина на мај?
Неврологот Стјуарт Селфон, раководител на истражувачкиот тим во болницата „Монт Синај“ во Њујорк, рече дека овој пристап за тестирање, кој го следи одговорот на телото на Ковид-19, треба да донесе побрзи резултати од тековните тестови од брисевите од нос.
„Бидејќи имунолошкиот одговор на инфекција се развива веднаш по инфекцијата, тестирањето како ова треба да може рано да ја дијагностицира инфекцијата“, изјави Селфон за „Гардијан“.
Доколку биде одобрено, тестирањето би можело да започне во Соединетите Држави уште во втората половина на мај, со што успешно ќе се изолираат раните случаи на инфекција и ефикасно да се рушат понатамошни ланци на инфекција.
Посигурни резултати
Тестот ја користи истата механичка опрема (PCR) што се користи за анализа на носот, така што многу земји веќе ја имаат потребната инфраструктура за изведување на тестовите. Но, за разлика од претходните тестови, новиот тест бара гласник на РНК (mRNA) во крвта на субјектите.
"MRNA е дел од имунолошкиот одговор на вирусна инфекција. Нивото на изразување на mRNA е навистина различно во случај на инфекција со коронавирус", објасни Селфон.
Според досегашната анализа, точноста на новиот тест е над 95%. Имено, иако примероците од крв е потешко да се соберат од назалните брисеви, тие даваат поверодостојни резултати. Тестирањето со брисеви може да биде многу незгодно, затоа што се бара тест за примерок длабоко во носот.
„Тестирањето со брисеви може да даде многу лажни негативни резултати заради лошото земање примероци“, рече доктор Лоренс Јанг од универзитетот Ворвик.