Конечно позната болеста од која страда најтажната принцеза во светот
Најтажната принцеза, Шарлин од Монако е со договор врзана за принцот Алберт.
Францускиот магазин Voici откри детали за враќањето на принцезата Шарлин во Монако. Имено, новинарите на овој тиражен магазин дознале дека таа и нејзиниот сопруг наводно потпишале финансиски договор со цел принцезата да продолжи да ги извршува службените должности во кнежевството. Според Voici, принцот Алберт за тоа ќе плаќа голема сума, дури 12 милиони евра годишно.
Според Воичи, Шарлин поголемиот дел од времето ќе го поминува во Швајцарија, каде за време на празниците ќе ја посетуваат нејзините деца, близнаците Жак и Габриел, а во замена за голема сума пари ќе мора да учествува на настани важни за кнежевството. Еден од нив е Бал де ла Роуз.
Балот е основан во 1954 година од мајката на Алберт, принцезата Грејс Кели, со идеја да го собере високото општество од целиот свет и на тој начин да собере пари за помош на децата и сиромашните. Балот оваа година е закажан за 8 јули.
Да потсетиме, принцезата Шарлин конечно излезе во јавност, за прв пат по лекувањето во психијатриска клиника во странство. Со нејзиниот сопруг Алберт и близнаците Жак и Габриел, таа се појави на трката во Формула 1, Е-При, која се одржува во Монте Карло секоја втора година.Болна е од епилепсија!
Светските медиуми пишуваат дека Шарлин од Монако има епилепсија. Првиот напад го имала минатото лето, кога започнале нејзините семејни проблеми.
По една година нагодување зошто принцезата Шарлин половина од тоа време била отсутна од дворот, многумина се убедени дека вистинската причина е откриена. Според магазинот „You“, сопругата на принцот Алберт, со кој ги има седумгодишните близнаци Жак и Габриел, боледува од епилепсија. Авторот на написот не наведува точно за кој вид на епилепсија станува збор, но според досегашните симптоми ситуацијата е многу сериозна.
Шарлин досега имала неколку епилептични напади, од кои некои завршиле со губење на свест.