Живот // Живот
Конечно знаеме на кого му припадна: Меган Маркл го носи часовникот на принцезата Дајана
Меган го носеше часовникот на принцезата Дајана на новата фотографија со која објави дека таа и принцот Хари ќе организираат разговор на Интернет со нивните славни пријатели за опасностите од социјалните мрежи.
Носеше и накит вреден околу 300 илјади фунти.
Црно- белата фотографија од двојката на која Меган го носи часовникот „Картие“ вреден 17,800 фунти, стана вирална за само 1 час и го обиколи светот. За овој часовник никој немаше претстава на кому припадна, но очигледно Меган сега е сопственичка.