Континуираната експанзија на dm дрогерие маркт продолжува: Се отвора новa дрогерија во godi Retail Park во Скопје!
Најголемиот дрогериски ланец во Европа - dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија на домашниот пазар и на 7 март 2024 година, започнувајќи од 10 часот, ги отвора вратите на својата 24-та дрогерија во godi Retail Park!
Во новата дрогерија, покрај СЕКОГАШ ПОВОЛНО цените, купувачите ќе може да уживаат и во попустот од -15% на АПСОЛУТНО СЀ кој ќе трае од 7 па сѐ до 10 март! Покрај ова, на денот на отворањето, купувачите ќе може да уживаат и во дополнителни изненадувања:
·Подарок dm торба за пазарување со СЕКОЈА СМЕТКА
·Подарок Denkmit универзални влажни марамици за чистење, со секоја сметка над 500 денари
·Подарок dm пешкир за плажа, со секоја сметка над 1.999 денари
Летокот за отворање може да го разгледате тука.
На денот на отворањето купувачите на dm ќе бидат пречекани и во супер забавна атмосфера со DJ, а за најмалите ќе има и face painting!
Општествената одговорност на dm како компанија ни овој пат нема да биде изоставена. Дел од остварениот промет на денот на отворањето ќе биде дониран во хуманитарни цели на ЈОУ Детска градинка „Фидани“ – Скопје, општина Чаир.
„Новата дрогерија во godi Retail Park е нашата 24-та дрогерија на македонскиот пазар. Со отворањето на оваа дрогерија се придвижуваме чекор поблиску до нашата компаниска цел – преку отворање на дрогерии низ целата земја, да бидеме уште поблиску до нашите купувачи, а нашите производи и услуги да ги направиме што подостапни на нашите граѓани“ – изјави Наташа Усовиќ Монева – регионален менаџер за продажба во dm дрогерие маркт.
Дрогериите на dm со својот асортиман од речиси 14.000 производи за нега и убавина, производи за нега на мажи и бебиња, природна козметика, органска храна и додатоци во исхрана, како производи за хигиена во домот и нега на алишта се вистинскиот избор за пазарување сѐ на едно место. Повеќе од 3.000 производи се од нивните сопствени трговски марки кои имаат германски квалитет и секогаш поволни цени. Добропознатите dm марки Balea, alverde, dmBio, babylove, Denkmit и сите други, гарантираат идентичен квалитет во сите 14 земји во кои компанијата работи, додека dmBio е бренд со најширока понуда на органска храна во нашата земја.
Новиот продажен објект на dm ќе биде со вкупна површина од 386 m2, од кои 332 m2 продажен простор, а магацински простор и помошен простор54 m2.
Работното време на оваа дрогерија ќе биде:
Понеделник до сабота: 10 до 22 часот
Недела: 10 до 20 часот
Со отворање на овој објект, dm во Македонија е присутен со 24 продажни објекти, од кои 14 во Скопје, по еден продажен објект во Тетово, Велес, Куманово, Битола, Струмица, Гостивар, Струга и Охрид и 2 продажни објекта во Штип!
Зачувајте го датумот, направете список за пазарување и посетете ја новата dm дрогерија на 7 март!
ПР објава