Коронавирус олеснување: Водечкиот Италијански инфектолог потврди- фудбалските натпревари би можат да почнат во рок од еден месец
Еден од главните луѓе во италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина се сретна со голем број лекари и научници по што беше направен план за продолжување на натпреварувањето во Италија.
Гравина смисли план и одреден протокол според кој играчите ќе треба да го поминат кога тренираат за да се спречи евентуално ширење на коронавирусот откако фудбалот повторно ќе започне.
Алијансата се надева дека играчите ќе започнат со тренинзи на 4 мај, додека првите натпревари може да се играат еден месец подоцна. За можноста продолжување на фудбалската сезона, зборуваше и италијанскиот инфектолог, Џовани Реза.
- Тековната состојба ни кажува дека е невозможно да се продолжи во Серија А во моментов, но може тоа да биде за еден месец. Сепак, натпреварите треба да се играат без гледачи со ригорозни мерки. Секоја континуирана активност носи со себе одредена доза на ризик. Она што треба да го направиме е да го намалиме ризикот што е можно повеќе со поставување на многу строги упатства.
По споменатиот состанок, медиумите во Италија пишуваа за планот да ги тестираат играчите пред самите натпревари, со земање брисеви и примероци од крв за да се утврди можното присуство на вирусот „Ковид-19“.
Екипите треба да бидат во своите карантини до крајот на сезоната, така што сите играчи можат внимателно да се следат и да останат одделни од остатокот на јавноста.