Коронавирусот ги остави македонските политичари без вратоврски: Чин во согласност со ситуацијата или ги заменија со маски?
Мажите се жалат
на вратоврските уште од првото нивно дизајнирање ...
Тие создаваат чувство на непријатност и тоа е факт. Но генерално, костум без вратоврска не е целосна комбинација и не треба така да се носи.
Традиционално, пантолоните, сакото, кошулата и вратоврската одат заедно, како суштински делови на едно опкружување и не претставуваат независни парчиња облека. Тие се меѓусебно поврзани и дизајнирани да се носат заедно. На пример, сако од еден костум не треба да се носи со други панталони. Кошулата нема да изгледа добро без сако, додека целиот костум нема да изгледа комплетно без вратоврска.
Вратоврската е нешто како завршен детал, што ја прави целата облека да изгледа авторитативна и елегантна, а истовремено додава малку боја и визуелен интерес за вообичаениот монохроматски изглед.
За секој што сака да изгледа професионално, вратоврската е задолжителен дел од облеката и е задолжителна на формални настани.
Токму политичарите се тие кои треба да демонстрираат таков стил- стокмен, одмерен, доминантен, уреден и со доза ненападна елеганција- секако, сето тоа надополнето со неизоствната вратоврска.
Сепак, носењето костум без вратоврска не мора да биде лошо. Постои време и место каде што може да се појавите малку понеобично облечени без да сакате да проектирате конвенционален авторитет.
А, нашите политичари во време на корона се‘ помалку ги гледаме со вратоврски. Не би знаеле зошто е тоа така, но едно е сигурно- без вратоврска изгледат многу поразлично. Можеби од премногу работа ги стега па ја вадат, или коронавирусот им создаде проблеми со маските кои ги носат, па можат слободно да дишат без вратоврската...
Сакаме да потенцираме дека секој костум изгледа подобро со вратоврска. Ако не сте сигурни дали вашиот костум изгледа правилно без вратоврска, едноставно ставете ја, не ја стегајте премногу и решете ги сите ваши проблеми.
Венко Филипче- Министер за здравство
Од како започна корона кризата, скоро и да не носи вратоврски. Обично е во костум во темна боја и светла кошула.
Оливер Спасовски- технички Премиер на С. Македонија
Знае да ја остави вратоврската, но често носи маска
Христијан Мицковски- Претседател на ВМРО ДПМНЕ
Тој скоро секогаш носи вратоврски. Ама, има моменти и кај што не ги носи.
Зоран Заев- Претседател на СДСМ
И тој како и Филипче, се’ почесто е без вратоврски на важни случувања и настани.
Владо Мисајловски- Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
И носи и не носи. Посебно сега, ретко ги има на себе
Љупчо Николовски- Генерален секретар на СДСМ
Има денови кога нема вратоврска, наместо тоа, носи заштитна маска
Н.Т.