„КОВИД-19 ги уби татко ми и сопругот за една недела, јас останав сама со мојата ќерка“: Потресна приказна на Италијанка ќе ве расплаче
Ова е приказна за Италијанката Кристина, на која коронавирусот и ги одзема нејзиниот сопруг и татко за една недела
Страшно тешка година за целиот свет, но особено за Италија! Додека луѓето се борат за својот живот, многу Италијанци го доживееја најстрашното. Ги изгубија своите најблиски.
„Останав сама со ќерка ми од десет години, без мажите во мојот живот“, рече тажно Кристина. Ова Италијанка има само 37 години и е од провинцијата Бергама. Првата трагедија што и се случи на оваа жена е кога нејзиниот татко се разболе од корона. Го оставија да умре. Анестезиологот и рекол дека за татко и нема место за интензивна нега: Жал ми е, госпоѓо, но не можеме да го ставиме на интензивна нега, мора да оставиме простор за помлад пациент.
„Имаше 74 години. Тој и јас живеевме во ужасен кошмар, беше предоцна кога го ставија на полиинтензивна нега. Го видов пред да умре и му реков дека го сакам. Во 22 часот стигнав дома, ме повикаа од болницата и ми рекоа дека заминал засекогаш во 21 часот.“
И тогаш, само една недела по смртта на нејзиниот татко, КОВИД-19 дојде и по нејзиниот сопруг, Клаудио, 46 години.
- Тој почина без да има време да му кажам се што сакав. Ме погледна од носилката, се разделивме со движење на раката во знак на збогум, „адио“ на растојание. Седум дена на интензивна нега и почина.
Кристина беше ставена во карантин со малата ќерка, тие не можеа да излезат надвор, не знаеја дали се заразени или не, не беше направен тест за нив.
- Мојата сила сега е таа, ќерка ми, понекогаш ја слушам како ја пее песната што ја научи од нејзиниот татко, тогаш ме гледа и ми вели дека и е жал. Ја галам по косата и и велам дека не треба да се извинува и дека заедно ќе плачеме за нејзиниот татко и дедо.