Живот // Живот
Кралицата Елизабета се огласи: Еве што рече по раѓањето на правнуката
Лилибет „Лили“ Дајана Маунтбатн-Виндзор е 11-то правнуче на Елизабета, а таа е родена во петокот во болница во Санта Барбара, Калифорнија.
Лилибет беше прекар на кралицата кога беше дете.
„Кралицата, принцот од Велс и војвотката од Корнвол се информирани и воодушевени од веста“, се вели во соопштението на Бакингемската палата.
Таткото на Хари, принцот Чарлс, исто така објави на социјалните мрежи за добрата вест.
- Честитки за Хари, Меган и Арчи за доаѓањето на бебето Лилибет Дајана. Им посакувам се најдобро во ова посебно време “.
Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон изјавија дека сите се „воодушевени од среќната вест за доаѓањето на бебето Лили“.
Премиерот Борис Џонсон на парот им испрати „многу честитки“.
Извор: Новости.рс