Криптовалутите во црвено: Еве кога биткоинот би можел повторно да прескокне 50 000 долари

Најстарата и најпопуларна криптовалута биткоин во последните 24 часа беше „во црвена боја“, бидејќи забележа пад од скоро 4 проценти.

Имено, неговата вредност се движеше од 47.900 до 51.400 долари, а со биткоинот во моментов се тргува на размена на крипто по цена од околу 49.000 долари.

Најпознатата дигитална паричка се урна во четвртокот, кога изгуби дури 17% од својата вредност по твитот на Илон Маск. Сопственикот на „Тесла“ и самопрогласениот „техно крал“ тогаш на Твитер објави дека неговата компанија престанала да прифаќа биткоин за набавка на своите возила, од еколошки причини.

Пазарната капитализација на биткоинот е сè уште под трилион долари и во моментов е околу 920 милијарди.

Втората најпопуларна крипто-валута етериум беше во минус во последните 24 часа. Неговата цена се движеше од 3.800 до 4.170 долари, што е пад од околу 3 проценти.

Во моментов етериум тргува со 3.915 долари.

Попопуларниот догекоин вчера забележа огромен скок од скоро 40 проценти, а денес е претежно во мирување. Оваа криптовалута ослабе за нешто повеќе од 1 процент и во моментов е со цена од 0,53 долари.