Кроациа осигурување АД Скопје и Уни Банка во заедничко партнерство во делот на банкоосигурување

Банкоосигурувањето како иновативно партнерство помеѓу банките и осигурителните компании е се повеќе застапено во Македонија.

Кроациа осигурување во своето портфолио на работење оваа пракса ја гради веќе со години.

-Горди сме на воспоставеното партнерство помеѓу Кроациа и УНИ Банка, почнуваме соработка на полето банкоосигурување со која ќе можеме во целост да ги задоволиме барањата на клиентите од секаков тип. Ваквите партнерства се важни за банките и осигурителните компании од многу аспекти. Со поврзување на банкарските и осигурителните услуги, се овозможува сеопфатна понуда за клиентите на едно место да ги добијат сите финансиски услуги.


Уни Банка и Кроациа осигурување низ периодот на своето работење докажаа дека се силни и стабилни финансиски институции,а тоа го потврдија со огромниот број на осигуреници и клиенти.

Со оваа соработка Уни Банка го проширува портфолиото и на своите клиенти ќе им понуди низа придобивки, кои пред сѐ се насочени кон обезбедување на дополнителна финансиска заштита на личните и семејните финансии, а Кроациа осигурување добива можност своите квалитетни производи да ги доближи до граѓаните. Двете компании и во иднина ќе продолжат бидат посветени на развој и следење на светските трендови, и ќе продолжат да работат на развој на целокупната понуда во сегментот на банкоосигурувањето.

Денес двете институции заедно рамо до рaмо со заеднички проект и уште по зајакнати сили ќе бидат чекор поблиски до оние кои им ја дале довербата досега,а тоа се нивните клиенти.