„Крстот ќе биде во сите нас, ние ќе го вратиме во Црква, не сакаме материјални награди“, порачаа капачите во Скопје
Оваа година осветувањето на водите во Скопје односно во реката Вардар помина мирно , без инциденти и на еден поинаков начин.
По положувањето на Светиот крст немаше традиционално скокање туку капачите по претходен договор решија дочекувањето на крстот да го изведат заедно прегрнати.
Пандемијата со ковид беше причина годинава да учествуваат само 30 капачи.
-Единство, братство и сплотеност, беше пораката на капачите по излегувањето од водата. Тие исто така кажаа дека добиените награди од спонзорите и градот Скопје ќе бидат донирани, а православната скопска епархија тоа го прифати.
-Крстот ќе биде во сите нас, ние ќе го вратиме во Црква и се одрекуваме од сите материјални награди. Оваа година имаме повеќе среќници, а не еден среќник, порачаа капачите.