Куп на РМ: Македонија ЃП во одбрана на трофејот, Силекс бара излез во Европа

Еден трофеј, две желби, денес на арената „Тодор Проески“ во Скопје се игра финалето на Купот во фудбал во Македонија.

Силекс како второлигаш е во улога на аутсајдер, барем на хартија, но ова е финале, и се е можно.

Тренерот Горазд Михајлов, вели дека сака да победи фудбалот, да има добар натпревар, и подобриот да го подигне трофејот.

„Ни се отвори шанса да играме за титула, тука сме и верувам дека пред сè ќе победи фудбалот, а кој ќе биде подобар, ќе видиме. Фаворитската улога не би требало некому да му се дава, затоа што ова е финале и се е отворено“ – вели Михајлов.

Македонија ЃП го брани трофејот, прволигашот е уверен дека ќе успее втор пат во низа да стигне до Куп титула.

„Имаме квалитет, за мене ова е прво финале како тренер, двапати го имам освоено пехарот како играч, се надевам сега ќе успеам и како тренер. Вакви натпревари не се играат секој ден, треба да излеземе на терен и да уживаме“ – вели тренерот на Македонија ЃП, Муарем Бајрами.

Финалето се игра со почеток од 18:00 часот на арената „Тодор Проески“.