Куп на РМ: Силекс гледа шанса за Европа, а фаворитската улога ја препушта на Македонија ЃП

Утре на арената „Тодор Проески“ во Скопје се игра финалето на Купот во фудбал во Македонија.

Силекс иако второлигаш има свои сметки, но фаворитската улога и ја препушта на Македонија ЃП како прволигаш. 

„Ние го браниме  пехарот, игравме во втора лига, Македонија ЃП го заслужува целиот  репрект, како и ние, така и тие си ја гледаат својата шанса  за Европа, ние максимално ги анализиравме, сакам да победи фудбалот“, рече Михајлов.

Финалето е закажано за утре, со почеток од 18:00 часот на арената „Тодор Проески“.