Лада Нива 4х4 во комплетно уникатно издание
Често врзана за едни од најдобрите модели на мотоцикли во светот, австриската компанија задолжена за нивно дотерување го претстави својот нов проект, потполно различен од сето она што досега сме имале можност да го видиме и нешто што излезе од нејзината гаража...
Новиот убавец на четири тркала на компанијата Вагабунд, се базира на рускиот модел Лада Нива, едноставно и многу моќно теренско возило, дизајнирано да се поправа на земја со леснотија и функционално до последната капка гориво.
Одлучувајќи да го направат уште поцврсто,создадоа низа подобрувања со расклопување на автомобилот до последната завртка и повторно составување на истиот. Во процесот на редизајн, беше додаден багажникот на покривот од моделот F-Desing, суспензијата беше подигната и предниот браник беше отстранет, додека задниот беше заменет со многу поголема варијанта.
Во целокупниот проект се додадени и нови теренски светла PIAA со 3D печатени капачиња и комплет нови тркала Dotz Pharao и големите гуми Malades Cobra од 205/75 R15. На крајот, руската легенда доби нов челик-сив финиш со црни контрастни врати од секоја страна, специјално дизајнирани да ја рекламираат куќата на Вагабунд Мото преку големи ознаки поставени на долните сегменти.
Иако ова е првиот специјално дизајниран автомобил на компанијата досега, тој дефинитивно нема да биде последен, со фокус на индивидуалните планови кои припаѓаат на иднината и се однесуваат на модели како што се Land Rover Defender или Toyota Land Cruiser.